Мени

Високите температури продолжуваат

16.08.2010 13:47 | KumanovoNews

Според синоптичарите и во текот на оваа недела ќе се задржи сончево и многу топло време.

Високите температури продолжуваат

Денес се очекува да биде најтопло во овој период од годинава со максимални температури од 33 до 42 Целзиусови степени. Следните денови температурите ќе бидат за три до четири степени пониски. УВ индексот ќе има вредност осум што е од висок ризик и бара внимателно излижување на сонце.

Вo Куманово температурата ќе биде до 40 степени.