Мени

Владиката Кирил за Божиќ со верниците во „Свети Никола“

09.01.2012 11:11 | KumanovoNews

По повод православниот празник Собор на Пресвета Богородица и втор ден Божиќ, во црквата „Св. Никола“ во Куманово, митрополитот Полошко-кумановски Кирил, во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони, отслужи света божествена литургија.

Владиката Кирил за Божиќ со верниците во „Свети Никола“

По светата литургија, митрополитот им го честиташе на верниците големиот христијански празник Божиќ, а потоа беше прочитана Божиќната посланица која ја испраќа архиепископот Орхидски и Македонски господин Стефан, заедно со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква- информира отец Жико Тодоровски.