Мени

Владиката Кирил за Велигден со верниците во кумановско

12.04.2012 13:41 | KumanovoNews

 Владиката кумановско-полошки Кирил, вечерва по 20 часот во црквата Свети Никола ќе ги чита 12-те Евангелија и ќе го изнесе светиот крст во Распетието христово, пред присутните верници.

Владиката Кирил за Велигден со верниците во кумановско

Во понеделник  на вториот  ден Велигден, владиката ќе чиноначалствува во Ново Село, и ќе ја освети новоизградената црква, во сослужение на повеќе свештеници и ѓакони.

 По осветувањето на црквата и првата боженствена литургија ќе следува заеднички ручек и општонародна веселба.

За велигденските празници во сите православни хранови ќе се служат предпладневни и попладневни празнични литургии.