ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за Куманово
Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ денеска повторно јавно ја прашаа СДСМ што направила за Куманово додека ја имале централната власт и каде ги трошеле општинските пари во двата мандати на градоначалникот Зоран Дамјановски.
При тоа се пофалија дека тие изградиле повеќе локални патишта, ја реновирале и опремиле Општата болница, одвоиле пари за водоводна и канализациона мрежа и изградиле спортски сали.
Парите се гледаат, тие се трошат за проекти, инвестиции од кои корист имаат граѓаните. Наспроти ова СДСМ и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски ниту еден проблем не решија. Општината ја заглавија во долгови, а општинските претпријатија ги претворија во загубари. Проблемите на кумановчани останаа истите оние како и на почетокот на вториот мандат на Зоран Дамјановски - рече Емилија Арсовска, член на ОК на ВМРО - ДПМНЕ.
Обвинуваат дека капитални инвестиции нема и дека ветувањата дадени од СДСМ не се исполнети.