Во Бедиње и Проевце нема вода
18.07.2012 08:17
| KumanovoNews
Населбите Бедиње и Проевце како и граѓаните кои живеат на улица “Доне Божинов“ во центарот на градот утринава се без вода за пиење.
Екипите на ЈП“Водовод“ веќе се на терен и работат за отстранување на дефектот. Се очекува до крајот на работниот ден водоснабдувањето да се нормализира.
Во останатите делови од градот не се регистриани никакви дефекти, ниту прекини во снабдувањето со вода.