Мени

Во „Буба Мара“ промовиран проектот Мозаик

17.10.2014 14:26 | KumanovoNews

Во градинката “Буба Мара“ денеска беше промовиран проектот на \nинтегрирано мултикултурно образование Мозаик, кој се реализира со \nфинансиска подршка од Европската Унија.

Во „Буба Мара“ промовиран проектот Мозаик

На промоцијата присуствуваше и евроамбасадорот Аиво Орав, кој истакна дека според етничката разноликост на градот и земјата потребно е децата да ги учат јазиците на другите заедници.

„ Ваша одговорност е да ги научите вашите деца на различни јазици, се со цел да го направите нивниот живот подобар. Самата мрежа на градинки која го промовира овој проект покажува како ние во Европската Унија живееме заедно. Морам да кажам дека ние во Европската Унија ги цениме вашите проекти. Всушност, ја цениме мрежата на вакви градинки и тоа покажува многу добар пример како да се живее“- изјави Орав.

Градоначалникот Зоран Дамјановски нагласи дека проектот опфаќа три етникуми и децата од најрана возраст се едуцираат за толеранција и мултикултурно живеење.

“Во оваа фаза на развој на демократијата во Република Македонија и тоа како е важно да имаме мултикултурна, мултирелигиозна толеранција, а тоа се прави од најрана возраст кога имаат капацитет да ги примат овие млади суштества кои се иднина на ова општество, на овој град. За ширење на проектот работиме мултикултурни проекти во повеќе образовни установи“ - вели градоначалникот.

Од Центарот за заедничка основа кои го спроведуваат проектот објаснуваат дека нивна заложба е мозаик моделот да се прошири во повеќе установи.

“Во нашата градинка “Ангел Шајче“ за прв пат е отворена билингвална група македонско - албанска уште во 1998 година. Во градот сеуште немавме предучилишна група на албански јазик каде што децата можеа да учат на свој мајчин јазик. Ние сме мултиетнички град, и како што кажа градоначалникот имаме голем број на Срби по националност и во 2004 година ја отворивме и втората мозаик група, македонско - српска“- вели Марина Алексовска, директорка на „Ангел Шајче“.

Алексовска вели дека интересот за запишување на деца во мозаик групите е голем. Проектот мозаик се реализира во десет македонски општини со мешан етнички состав каде се се направени групи на четири јазици.