Мени

Во „Христијан Карпош“ регионален натпревар по англиски

22.04.2015 09:15 | KumanovoNews

Во основното училиште „Христијан Карпош“ во сабота со почеток во 9.30 часот, ќе се одржи регионален натпревар по спелување на англиски јазик.

Во „Христијан Карпош“ регионален натпревар по англиски

На натпреварот ќе учествуваат 180 деца од училишта од Куманово, Крива Паланка и Свети Николе.

Втор пат сме домаќини на ваков натпревар. И лани истиот натпревар се одржа кај нас. Натпреварот го организираат неколку волонтери од Мировен корпус и нашите професори по англиски јазик - вели Лидија Костиќ, директорка на „Христијан Карпош“.

Во сабота учениците од регионот ќе ги одмерат своите знаења по англиски јазик.