Во „Кочо Рацин“ одбележан Денот на пролетта
21.03.2015 14:36
| KumanovoNews
Во основното училиште “Кочо Рацин“ денеска со чистење на дворот, училниците, засадување на нови дрвца, беше одбележано пристигнувањето на пролетта.
Oд училишниот двор беа извадени старите насади и засадени нови дрвца. Беа засадени и пролетни цвеќиња во жардињери пред влезот на училиштето. Сите грмушки и рози добија нов, свеж облик. Со идеите на нашата директорка, Лидија Пешевска, како и со вредните раце и ведриот дух на учениците, пролетта дојде во полн сјај во нашето училиште - рече библиотекарката Ивана Ѓорѓиевска.

Во еко активностите учествуваа учениците и наставниците.
