Во Козјачките села храна ќе се носи со хеликоптер
Во Општината Старо Нагоричане во завените села храна ќе се доставува со хеликоптер на АРМ. Веќе се прават списоци на жителите на кои треба да им се помогне.
Градоначалникот Миодраг Јовановиќ вели вели дека тие вложуваат натчовечки напори да им се помогне на луѓето.
За да се стигне до завеаните жители на десетте села треба да се расчистат околу 40 километри пат, а во селата живеат приближно 800 лица.Се трошат последните резерви од храната за добитокот, но и залихите од основните прехранбени продукти со кои располагаат- вели градоначалникот Јовановиќ.
Поради непристапниот терен се уште не може да се пробие патот кон селата планинските села на границата со Србија. Денеска машините ги расчистуваа неасфалтирани и стрмни патишта кон селото Длабочица. Дополнителен проблем им претставуваат и новите врнежи од снег.
Десетина дена немавме струја, а и кога дојде имаме само по една фаза. Најголем проблем ни е што немаме храна за добитокот. Имам 40 прасиња и ги хранам со варени компири за да ги спасам. Ако не ни се расчисти патот да отидам по храна сите ќе угинат- вели Борко Милошевски од Длабочица.