Во Куманово еден ХИВ позитивен
Центарот за јавно здравје Куманово и оваа година ќе го одбележи Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА со повеќе активности на едукација на младите во основните и средните училишта во општините, како и вршење на бесплатно, доброволно и доверливо тестирање и советување за ХИВ.
Во Советувалиштето во текот на 2010 година се советувани 85 лица од кои 71 лице извршило тестирање. При тоа не откриен ниту еден нов случај на ХИВ /СИДА во Куманово. Тестирањето е во функција на превнцијата и затоа ги повикувме младите да дојдат , бидејќи е загарнтирана нивната дискреција. Ние денеска ги посетивме средните училиште „Наце Буѓони„, медицинската насока, „Перо Наков„ и гиманазијата „Гоце Делчев„, каде одржавме еукативни предавања- вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог.
Во Куманово во периодот 1988 до 2010 година е регистрирано само едно лице ХИВ позитивен, а досега 3 лица починале од СИДА.
Вкупниот број во минатата година, на државно ниво, инфицирани со ХИВ се 12 лица, д одека заболени од СИДА се 4 лица. Едно лице е починато.
Во Република Македонија, досега се заразени 132 лица.
Први декември низ целиот свет се одбележува како Меѓународниот ден ден за борба против СИДА-та. Тој е е посветен на подигнување на свеста кај луѓето за оваа пандемија, причинета од ширењето на ХИВ инфекцијата.