Во Куманово, Липково и Нагоричане повеќе мажи отколку жени
22.07.2015 07:12
| KumanovoNews
Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, од вкупното население поголем процент отпаѓа на машката популација во однос на припадничките на понежниот пол.
Ова го покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, заклучно со јуни 2014 година. Во Куманово живеат 108.616 луѓе, од нив 54.819 мажи и 53.797 жени. Од општина Липково има 29.744 жители од кои 15.217 се мажи, а 14.627 се жени. Општина Старо Нагоричане има 4101 жител, од нив 2204 се мажи, а жени има 1897.
Обратна демографија со повеќе жени, а помалку мажи има во Битола, Гевгелија, Дојран, Струга и други.