Во Куманово не се селектира отпад
Од технички причини во градот не се селектира отпад. Се планира во иднина сметот да се носи во горилници и од него да се произведува енергија.
Повеќе градови имаат лоша пракса со селектирање на отпад бидејќи ги крадат пластичните шишиња и ги продаваат. На секој контејнер не може клуч да се стави. Кај нас обиди за селектирање немало бидејќи има платформа според која отпадот ќе се употреби за производство на енергија. Има одредена проекција и на ЗЕЛС е веќе договорено повеќе градови од Североисточен плански регион, меѓу кои е и Куманово да одредат реон за депонија. Тоа е огромна работа - велат од ЈП “Чистота и зеленило“.
Предноста на селектирањето на отпадот е тоа што стаклото и пластиката се одвојуваат од другиот вид смет. И во главниот град мал е бројот на собирни пунктови каде се селектира сметот. Малиот процент на рециклиран отпад кој повторно ќе се употребува дава незабележителни резултати.