Во Куманово нема опасност од поплави
Во Кумановско-липковскиот регион нема опасност од поплави по топењето на снегот. Ова го тврдат од подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од каде велат дека коритата на реките се исчистени и можат да примат зголемени количини на вода.
По мое мислење нема да има поплави во нашиот регион затоа што браните Липково и Глажања се празни, а коритата на реките Кумановка, Липковка, Којнарка и Слупчанка ги чистевме мината година. Повеќе постои опасност од поплавување на градските улици поради затнати шахти на атмосферската и канализациона мрежа - вели Драган Димковиќ, раководител на ДСЗ.
Доколку сепак дојде до непредвидени ситуации, локланата самоуптава и екипи на дирекцијата ќе интервенираат на терен.
Чистењето на речните корита и каналите во регионот започнал во 2006 година. Поради големите поплави што мината година ја зафатија општината Старо Нагоричене, чистено е коритото на реката Пчиња од Пелинце до Бањата Стрновац.