Во Куманово одбележана Недела за движење
Со акција за бесплатно мерење на крвен притисок, на Градскиот плоштад, учениците од здравствена струка од техничкото училиште “Наце Буѓони“ и здружението ГРАД ја одбележаа европската Недела на движење.
Учениците ги анкетираа граѓаните за тоа колку се движат, и им посочија предностоте на пешачењето.
“На пет штандови имаме ученици од македонски и албански паралелки кои мерат притисок. Нашите ученици ги анкетираат граѓаните колку се движат. Ги едуцираат и предупредуваат за кардиоваскуларни болести и дијабетесот колку е важно да се движат„ - вели Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во “Наце Буѓони“.
Од ГРАД велат дека граѓаните секојдневно треба да пешачат за да бидат витални и здрави.
“Затоа е оваа Недела на движење за да ги мотивира, инспирира, да ги поттикне луѓето да се движат. Седењето, недвижењето убива. Секој ден е добар ден за организмот и затоа движете се и посветете внимание на здравјето“ - рече Гоце Илијевски, претседател на ГАРД.
Движењето е добро за крвотокот и помага во совладување на стресот.
“Секој ден поминувам 10 или 15 км. Ако лежам се чувствувам како болен. Јас имам 75 години и сум витален“ - кажа Мирко Тодоровски, пензионер.
Неделата на движење трае до 5 октомври и ќе биде одбележана со низа активности во земјава.