Мени

Во Липково прекината наставата

06.02.2012 16:52 | KumanovoNews

 Во Липково од утре нема да се изведува наставата во сите основни и средни училишта поради големото невреме што ја зафати општината.

Во Липково прекината наставата

Денеска во подрачните училишта во планинските села Лукаре, Гошинце, Извор и Руница немало настава затоа што наставниците неможеле да стигнат на работа по завејаните патиштата. Во останатите училишта голем дел од учениците одсуствувале, па часовите биле скратени.

Во договор со градоначалникот и директорите одлучивме од денеска до петок наставата да ја прекинеме затоа што нема услови за нејзино одржување. Поголем дел од децата денеска ги немаше на училиште затоа што неможат да дојдат од снегот. Нема логика да одржуваме настава само за 7-8 деца, а другите да отсуствуваат. Изгубените часови ќе ги одработиме кога ќе се подобри времето- вели Џевџет Рамани, советник за образование во Општината Липково.