Во Липково затворени паралелките на земјоделското училиште
Поради немање на елементарни услови од денеска е затворено училиштето во Општината Липково каде се сместени паралеките на албански јазик од Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ Куманово.
Санитарната инспекција забранила да се изведува настава во училиштето по пријава на Советот на родители кои се побуниле заради тоа што нивните деца треба да посетуваат настава во училници без хигиенско техничките услови. Просториите каде децата треба да учат немаат под, а таванот протекува. По наредба на инспекторот учениците се пуштени дома и се чека одлука од Министерството за образование како ќе се реши проблемот. Зградата во Липково стара над 60 години, порано била основно училиште, а од пред неколку години во неа се вселиле пет паралелки со ученици од земјоделското училиште на албански јазик.