Во музичкото училиште најголем интерес за пијано
Во нижото музичко училиште “Панче Пешев“ годинава најголем дел од учениците се запишале на часови по пијано. За изучување на другите инструменти и пеењето интересот е помал.
Од вкупно 250 запишани ученици, 69 се во групата за пијано, 27 ќе изучуваат хармоника, 26 виолина,а исто толку се запишале и во групата за кларинет. Гитара ќе изучуваат 16 ученици, пеење 14 ученици и за труба има само две деца. Во права година се запишани 70 деца.
Ние имаме пет до десет слободни места за стари ученици, и плус може да примиме уште десетина ученици со што бројката на деца би била 270. Примени се деца на возраст од шест до девет години. Првата година е селективна, на крај се полага годишен испит. Ќе учествуваме на меѓународни, домашни натпревари, и сакаме да постигнеме подобар успех. Наставниците ќе се дообучуваат на семинари. Успешноста на училиштето се должи на позитивната клима, добриот однос наставник - ученик, соработката со училиштето и пред се менаџирањето - вели Светлана Трајковска, директор на “Панче Пешев“.
Нижото музичко училиште “Панче Пешев“ со просек од 4,85 е на врвот, меѓу најдобрите училишта во земјава. Ова оценка ја даде Државниот просветен инспекторат кој ги следи условите во училиштата и постигнатиот успех на учениците.