Мени

Во “Наце Буѓони“ се оддржа предавање за заштита на озонската обвивка

01.10.2012 08:31 | KumanovoNews

 Во техничкото училиште “Наце Буѓони“, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање оддржаа предавање за заштита на озонската обвивка и емисија на штетни гасови во воздухот.

Во “Наце Буѓони“ се оддржа предавање за заштита на озонската обвивка

Целта е да ја воведеме оваа проблематика до професорите, но не само за оние што држат предавања од оваа област, туку и пошироко, затоа што заштита на озонската обвивка е доста комплексна материја, врзана е со климатските промени. Пожелно е секој да знае нешто малку повеќе од таа проблематика. Секој на некој начин може да придонесе во елиминација и спречување на емисија на штетни хемикалии во атмосферата. Ние одиме во сите средни училишта во Македонија - рече Марин Кочов, раководител на Канцеларијата за заштита на озонска обвивка, во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој спомна дека за почеток доволно е учениците да имаат теоретски познавања, а пракса им треба на оние кои директно работат на овој проблем. На предавањето присуствуваа претставници од локалната самоуправа и од другите училишта.