Мени

Во Нагоричане се чистеше дива депонија, во Липково акцијата изостана

18.10.2014 09:17 | KumanovoNews

Во рамки на акцијата “Македонија без отпад“, која ја спроведува \nАсоцијацијата “Ајде Македонија“, се чистеше сметот од училишните дворови\n и дивите депонии во општината Старо Нагоричане.

Во Нагоричане се чистеше дива депонија, во Липково акцијата изостана

 “ Денеска општинската администарација ја чистеше депонијата во маалото Дошљаци во село Челопек, покрај асфалтниот пат, а вчера учениците ги исчистија училишните дворови. Во акцијата се вклучи и месното население“ - вели Давор Арсиќ, портпарол во општина Старо Нагоричане.

Ваџид Алија, одговорен за отпад во општина Липково вели дека денеска од оправдани причини не можеле да се организираат, но дополнително ќе има чистење на отпад во училиштата, кои се наоѓаат на територијата на нивната општина.

Од “Ајде Македонија“ ги повикаа граѓаните, државните и локални институции, здруженија на граѓани да се вклучат во акцијата за расчистување на отпадот од јавните површини, паркови, шуми, шеталишта и слично.