Во недела почнува зимското сметање на времето
Летното сметање на времето завршува во недела, 31 октомври, кога стрелките на часовникот се поместуваат еден час наназад.
Во сабота кон недела, во три часот по полноќ всушност ќе биде два часот.
Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините. Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“.
Во Европа во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.
Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.