Во понеделник истекува рокот за отпис на долгови
07.10.2014 15:44
| KumanovoNews
Понеделник е последен ден за поднесување на барање за отпис на долгови во Центарот за социјални работи.
Социјално загрозените граѓани кои ги исполнуваат условите не треба да чекаат за поднесување на барање, бидејќи откако рокот ќе истече пролонгирање нема да има. По Скопје, Куманово има најголем број на поднесени барања и тоа над 4.500, а потоа следуваат Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица и други градови. Првите решенија за тоа на кого ќе му биде одобрен отпис на долгови се очекуваат од 20 до 25 октомври.