Во “Порака“ ќе се одржи обука за прва помош
06.09.2012 10:40
| KumanovoNews
Во Дневниот центар “Порака“ утре од 10 до 12 часот ќе се оддржи обука за прва помош.
Инструкции за тоа како се дава прва помош ќе добијат децата со хендикеп, родителите и вработените во Дневниот центар. Обучувач ќе биде Мирољуб Голубовски. Обуката се прави по повод 8 септември, Светскиот ден на прва помош. Републичкиот Црвен Крст настојува годинава вакви обуки да спроведе за ранливите категории на граѓани. Секоја наредна година целната група ќе се менува.
Слична ваква обука имаше лани , но тогаш опфатени беа само родителите.