Мени

Во Режановце се славеше Св.Јован Опсечен

11.09.2010 14:38 | KumanovoNews

Со голем црковно-народен собир денеска во црквата Св.„Јован Опсечен“ во селото Режановце го прослави истоимениот празник и патрон на црквата. На чествувањето на празникот се собраа верници од повеќе градови од држава, но и од соседните земји.

Во Режановце се славеше Св.Јован Опсечен

Во црквата се одржа света литургија на која началствуваа свештеници од бединската парохија.

Православната црква денеска го слави осекувањето на главата на Св.Јован Крстител и денеска е стог пост, не се јаде храна со црвена боја, заради пролеаната крв од главата на Св.Јован. Инаку според православниот бележник главата на светецот ја пресекол Ирод Антипа, синот на постариот Ирод за да удостои на една танчерка по име Салома која ја побарала главата на Св.Јован - вели свештеникот Станиша Петровски.

Св. Јован Претеча живеел во исто време кога и Исус и тој всушност го најавува неговото доаѓање. Јован уште пред Исус ги крштевал луѓето во реката Јордан и притоа им велел „Јас ве крштевам со вода, но ќе дојде друг кој ќе ве крсти со Дух“. Јован го крстил и Самиот Исус во реката Јордан.

Освен за празникот, верниците во црквата во Режановце поради местоположбата и прекрасно уредениот двор во етно-стил.

Прославата на празникот заврши со посен ручек и културно-уметничка програма која ја исполнија неколку фолклорни друштва. Денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител меѓу народот се смета за голем празник кога не се работи, а овој ден е и строг пост.