Во североисточниот регион девет одобренија за градба
14.10.2014 10:14
| KumanovoNews
Во август годинава во североисточниот регион се издадени вкупно девет одобренија за градба.
Од нив во Куманово се издадени 8 одобренија од кои 7 се за физички лица, а 1 е за деловен субјект. Во Кратово е издадено 1 одобрение за градба на физичко лице. Во општините Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане во август годинава воопшто немало издадени одобренија за градба.