Во Старо Нагоричане ќе се формира Клуб на дрвото
05.03.2012 14:10
| KumanovoNews
Здружението на граѓани „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„ ќе формира Клуб на дрвото и во Општината Старо Нагоричане.
На основањето на клубот во среда во просториите на Општината ќе присуствува оперскиот пејач Борис Трајанов, претседател на здружението.
Целта на овој клуб на граѓани е да преземат активности во организирањето на акцијата по повод Денот на дрвото и да ги анимираат граѓаните во зачувување на животната средина.