Мени

Во Старо Нагоричане лани немало дивоградби

29.06.2015 10:33 | KumanovoNews

На територија на општина Старо Нагоричане лани немало изградено дивоградби, стои во соопштението на Државниот завод за статистика каде има приказ по општини.

Во Старо Нагоричане лани немало дивоградби

Но ситуацијата не е таква во општините Куманово и Липково. Во Куманово во 2014 година се изградени 31 дивоградба и тоа објекти за домување, гаражи, доградби, помошни објекти и друго. Во општина Липково се регистрирани 28 дивоградби од кои најголем дел се куќи. На ниво на држава лани се изградени 1075 дивоградби, од кои поголем процент се во приватна сопственост.