Мени

Во Табановце црковен собир за Свети Никола Летни

22.05.2015 14:47 | KumanovoNews

Во селото Табановце денеска се празнува летната слава Свети Никола,заштитник на земјоделците и сточарите.

Во Табановце црковен собир за Свети Никола Летни

Жителите традиционално празникот го одбележуваат со осветување на петте крстови, кои се наоѓаат во различни маали во селото и се собираат околу главниот крст во дворот на црквата „Св.Петка“. Тука верниците палат свеќи за здравје и бериќет на нив и нивните семејства.

Оваа е летна Свети Никола слава на нашата црква Св. Петка. Секоја година се бира новиот кум и на овој ден се готви рибја чорба. Ние како црковен одбор и организатори му помагаме на кумот собираме пари и ја организираме манифестацијата - рече Драган Станковиќ, член на црковен одбор.

Кумот заедно со останатите собрани околу крстот го делеа славскиот колач, а подоцна беше избран и нов кум за догодина. Црквата „Св.Петка“ е изградена во 1933 година, а реновирана е во 1989 година. Празникот се слави во повеќе села, а Табановце го смета „Св.Никола“ за свој заштитник. На селската слава присутни беа претставници на политички партии, институции и претставници од Општина Куманово.