Мени

Во вечерните часови мал застој на Табановце

23.06.2015 10:34 | KumanovoNews

Во вечерните часови на граничниот премин Табановце има мал застој, при што за контрола возилата чекаат по 15 минути.

Во вечерните часови мал застој на Табановце

Од Авто мото сојузот на Македонија велат дека состојбата е таква заради годишните одмори и зголемената фреквенција на патници.

Последниве денови во вечерните часови има поголем метеж. Вообичаено во петок и во недела има повеќе возила и патници, или кога има празник или продолжен викенд. Тоа е нормално за овој период од годината бидејќи граѓаните одат на одмор - велат од АМСМ.

Поголем метеж на граница се очекува и за празникот 2 август.