Мени

Вода ќе добиеме на Куково лето

29.02.2012 17:12 | KumanovoNews

ЈП „Водовод„ и Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ кога ќе потпишат договор за соработка и ќе се договорат за цената на водата, тогаш граѓаните на Куманово ќе добијат вода за пиење.

Вода ќе добиеме на Куково лето

 Ова денеска во Куманово го кажа министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, кој не даде одговор на прашањето дали  Владата има механизми да ги натера водоснабдителните претпријатија да пуштат вода, а потоа да се  договараат и да ги решаваат   нивните   проблеми.  Тој нашироко одговараше кој што треба да преземе, и како системски ќе се решава овој проблем на ниво на државата, но она што највеќе ги интерсира граѓаните, кога ќе добијат вода, не кажа.

Бидејќи овој проблем е меѓу двете претпријатија, ние ги слушнавме директорите и заклучивме дека проблемот е во тоа што двете претпријатија немаат правен договор со кој ќе ги регулираат нивните правни и финансиски односи. Констатиравме дека „Кумановско-липковско поле„ мора да инсталира мерни станици и да инвестира за да ги знае точните колични на испорачана вода, за да се избегнат обвинувањата или шпекулациите, која количина вода се испорачува кон Куманово. Исто така констатиравме и наложивме и препорачавме на двете претрпијатија побрзо да го склучат договорот, кој ќе ги регулира овие односи, но при тоа Водостопанство мора да склучи договори со другите корисници: со водните заденици и индустријата. Ние сме загрижени што ваквата состојба се политизира, а мислам дека треба да се најде начин што побрзо да се реши, за што постои интерес и кај општината и кај владата. Мислам дека не постои системско решение на овие проблеми и затоа како министер формирав работна група од неколку институции се со цел да најдеме решение на истите проблеми и во другите градови. Еден од начините е да се формира регионално тело на води, кое ќе ги регулира односите меѓу корисниците и потрошувачите на вода, ама ќе ја дефинира и точната цена на вода за пиење и сировата вода. Сметам дека оваа состојба ќе се надмине со потпишување договор на двата субјекта- изјави министерот.

Само да потсетиме дека Водовод и Водостопанство неможат да се договорат и да потпишат договот веќе 3,5 години. Ако судиме по тоа колку добро им одат преговорите најверојатно вода ќе добиеме на Куково лето.