Мени

Вода ќе нема во три населби

26.08.2010 07:52 | KumanovoNews

 Населбите Бабин Дол, Ајдучка Чешма, Долно Којнаре и улиците „Народна Револуција„ и „Лесковачка„ денеска ќе останат без вода за пиење.

Вода ќе нема во три населби

 Како што информираат од ЈП „Водовод„ на петте локации има дефекти на водоводната мрежа и екипите веќе се на терен. Се очекува недостатоците да бидат отсранети до 15 часот и водоснабдувањето да се нормализира. Во останатите делови на градот снабдувањето со вода е нормално.