Водата од проевските чешми е исправна
Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека водата од јавните чешми во населба Проевце е безбедна за пиење, со исклучок на претпоследната чешма која е близу објектот на Кумановска бања.
Анализи се направени на 25 септември, со што од вкупно шест чешми, само од претпоследната не е препорачливо да се полни вода. Летово имаше забрани, но топлото време придонесува бактериите брзо да се размножуваат. Сега како заладува времето тие се уништуваат. Минерланите води извираат од голема длабочина и немаат големи промени во составот. Денеска или утре примероци за анализа повторно ќе бидат земени. Квалитетот на водите се контролира еднаш месечно, а по потреба може и повеќепати да се земаат мостри - вели Мимоза Величковски, началник на оддел за комуналнална хигиена во Центарот за јавно здравје.
Таа објаснува дека летово внатрешните делови на чешмите се горени за да се уништат бактериите.