Водата во реката Пчиња загадена
Водата во реката Пчиња, која протекува низ кумановските села на одредени места е загадена. Најалармантно е кај селото Клечовце, каде водата содржи фосфати, амонијак и бактерии, поради што не треба да се користи за капење и наводнување.
Според нашите параметри водата е од четвртта или петта класа и не се препорачува за капење. Примерок е земен кај клечовскиот мост. Водада ја загадуваат жителите, бидејќи немаат канализација, по водата од домаќинствата и шталите се излева во раката. Истото се однесува и на Крива река која кај село Клечовце се влева во Пчиња.Онаму каде има бактерии водата не треба да се употребува ниту за наводнување- вели Мимоза Величковски, раководител на Сектор за комунална хигиена во Центарот за јавно здравје Куманово.
Во село Пелинце кај рекреативниот центар АСНОМ, водата има само зголемена заматеност, но поголемо присуство на бактерии не е забележано.