Водоснабдувањето се нормализира
06.03.2012 08:52
| KumanovoNews
Последнитре денови се нормализира водоснабдувањето во градот. Вода има и во повисоките делови на градот со малку послаб притисок, а во ниските зони водоснабдувањето е вообичаено.
Од ЈП „Водовод„ велат дека тоа е поради зголемените температури, па граѓаните не ги остaваат отворени чешмите за да не замрзнат, како што беше случај во изминатиот период, кога температурите беа многу ниски.
Во однос на дотурот на вода, од претпријатието велат дека и понатаму добиваат околу 165 литри во секунда што е помалку од предвиденото.
Во функција се и двете пумпни станици во селата Бедиње и Проевце од каде се обезбедуваат допoлнителни 100 литри во секунд вода за потребите на градот.