Мени

Водоснабдувањето во Куманово ќе се нормализира?

15.06.2012 14:18 | KumanovoNews

  Водоснабдувањето во Куманово ќе се нормализира, откако двете водоводни претпријатија денеска се договориле да  се пушти во функција стариот цевковод преку кој се обезбедуваат дополнителни количини на вода.

Водоснабдувањето во Куманово ќе се нормализира?

По еднонеделната криза, од утре со новите од 160-180 литри ќе се добијат над 400 л/с вода, која ќе ги задоволи потребите на градот.

Лутите ривали,  директорот на ЈП „Вододвод“ Виктор Божиновски и директорот на Водостопанство Филип Филиповски, одржаа заедничка прес-конференција на која соопштија дека се надминати несогласувањата во интерес на граѓаните, и проблемот со недостаток на вода е веќе минато.

 Било која политичка групација не може граѓаните да ги остави без вода. Се договоривме “Водовод“ да ја зголеми досегашната месечна исплата, а ние ќе работиме на отстранување на дефектите на цевководот- рече Филиповски.

Се надевам дека во иднина нема да имаме слични проблеми и ги повикувам граѓаните рационално да ја трошта водата и да ги плаќаат сметките за да можеме нормално да функционираме. Ние редовно ќе ја плаќаме месечната количина на дистрибуирана вода и ќе одвоиме дополнителни сретства за намалување на долгот - изјави Божиновки.

 Во решавањето на проблемо учествуваше градоначалникот на Куманово и министри од Владата.

Водовод и Водостопанство дополнително ќе се договараат за цената на водата, која досега беше основен проблеми околу кој не можеа да се усогласат.