Мени

Водостојот на реките мал, рибокрадците активни

27.08.2012 13:56 | KumanovoNews

Од Спортското риболовно друштво “Пчиња“ велат дека во овој период преку своите рибочувари настојуваат да бидат присутни на терен и да спречат недозволено ловење на риби.

Водостојот на реките мал, рибокрадците активни

На реката Пчиња се почесто се лови риба без дозвола. Најалармантно е во селата Пчиња или во Шупли Камен. Рибокрадците фрлаат мрежи, а употребуваат и агрегати на струја за да ја убиваат рибата.

Не можам да кажам дали десетина или повеќе рибокрадци се фатени, но стандардно секоја година ја имаме истата појава. Водостојот лани и годинава е многу слаб. Сега ако има дожд, може да дојде до заматување на тињата, зголемување на амонијак и помор на риби. Ние тука ништо не можеме, но водиме сметка да не биде предизвикувач на ваква појава некоја фирма.- вели Бране Димовски, претседател на Спортско риболовно друштво “Пчиња“.

Од Спортското риболовно друштво “Пчиња“ велат дека во овој период преку своите рибочувари настојуваат да бидат присутни на терен и да спречат недозволено ловење на риби.

Имаме наши рибочувари со положен рибочуварски испит и лиценца за обезбедување. Казните за рибокрадство се од 500 до 3000 евра- вели Димовски.

На рибокрадците на самото место им се одзема опремата, а потоа против нив се поднесуваат кривични пријави.