Мени

Водостопанство: Проектот за водоснабдување на североисточен регион е штетен

20.11.2012 14:02 | KumanovoNews

 Од Водостопанство “Кумановско Липковско поле„, сметаат дека проектот за водоснабдување на североисточниот регион е штетен, и целосно ќе го поремети водоснабдувањето на општината Куманово, а браната во Липково ќе стане нефункционална.

Водостопанство: Проектот за водоснабдување на североисточен регион е штетен

Тие тврдат дека липковските акумулации имаат ограчени количини на вода, кои сега ги  задоволуваат потребите на граѓаните и земјоделците, и доколку новите приклучоци за општините Липково и Арачиново се извршат на езерото Глажња, тогаш целосно ќе се наруши распределбата на вода и ќе се изгуби контрола на нејзината потрошувачка.

Проктот за водоснабдување треба да се реализира преку Североисточен плански регион, а раковоството на Водостопанство не било консултирано при негово изготвување, иако тие стопанисуваат со липковските акумулации.

- Ваквите проекти не само што не ја подобруваат состојбата со вода во Куманово за 30 години, туку напротив ќе создадат нови проблеми со кои Куманово ќе има недостаток на вода за пиење и индустријата. Градоначалниците на Куманово и регионот треба да ги анализираат претходните проекти, бидејќи пред десетина години имаше проект токму за оваа проблематика каде што беше предвидено Куманово да го реши проблемот со водоснабдувањето преку зафат на реките Отљанка и Слупчанка. Но, тие по секоја цена сакаат приклучокот да биде на браната Глажња. Ако тоа го сторат, гарантираме дека браната Липково ќе биде неупотреблива што дефинитивно не е интерес на градот - рече Емрла Укшини, раководител на Секторот за експлоатација и оддржливост во Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“.

Тој вели дека пред шеесет години не за џабе се изградени две брани, проектирани од Никола Ајдин, српски експерт. Се сомнева дека цевководот со должина од 17 км ќе биде спорен, бидејќи е заеднички проект за две општини.