Мени

Водовод му должи на Водостопанство 47 милиони денари

19.02.2012 15:50 | KumanovoNews

 Раководството на Водостопанство тврди дека ЈП „Водовод„ го прекинал водоснабдувањето во градот за да не го плати огромниот долг што го има кон нив. 

Водовод му должи на Водостопанство 47 милиони денари

Не станува збор за запирање на водата, туку по наша проценка ЈП „Водовод„ манипулира со граѓаните бидејќи  мора да го плати долгот кон Водостопанство и да ги признае количините на потрошена вода. Водовод на Водостопанство му должи за три години 47 милиони денари.Вододов и Општината имаат други проблеми кои сакаат да ги насочат кон проблематиката со вода и Водостопанство. Од браната Липково до филтер станицата испорачуваме 220 литри во секунда, но тие на две места имаат преградни вентили од каде се манипулира со водата. Граѓаните треба да знаат дека на водостопанство не му е во интерес да не испорачува вода, бидејќи тое е единстевне извор на нашето финансирање - вели Емрла Укшини, раководител на Секторот за експлоатација на Водостопанство.