„Водовод“ поседува стан на “Тоде Думба“
03.09.2014 13:35
| KumanovoNews
Јавното претпријатије “Водовод“ располага со стан на улица “Тоде Думба“ и во него повремено се сместувале спортисти гости на градот.
На денешната седница на општинскиот совет, советникот од ВМРО - ДПМНЕ Јовица Станковски кажа дека во станот повремено се сместуваат кошаркари. Праша дали е тој единствен стан на “Водовод“ и дали со негово продавање ќе се покријат дел од долговите на претпријатијето кое е во криза.
Градоначалникот одговори дека тој е единствениот стан на “Водовод“ кој претпријатието го добило по основ на судска пресуда и во него повремено се сместуваат спортисти.
Директорот на „Водовод“, Горан Стојковски рече дека не се планира продажба на станот, туку приоритет во овој момент е вработените да добијат здравствено осигурување.