Мени

„Водовод“ сеуште без струја, проблеми со водоснабдувањето нема

30.03.2015 11:45 | KumanovoNews

Јавното претпријатије „Водовод“ веќе пет дена е без струја, и ако утре дирекцијата не биде приклучена, Куманово ќе се соочи со проблеми во водоснабдувањето.

„Водовод“ сеуште без струја, проблеми со водоснабдувањето нема

Директорот Горан Стојковски вели дека засега водоснабдувањето е нормално, но секој нареден ден без струја ќе предизвика проблеми во нивното работење.

Има некои преговори со ЕВН, но сеуште сме на иста точка. Тие инсистираат да се плати целиот долг, и затоа бараме некој модус во рамки на нашите можности. Ако за еден ден не добиеме струја во дирекцијата на „Водовод“, ќе има проблеми со водоснабдувањето на градот - вели Стојковски.

„Водовод“ на ЕВН му должи 60 милиони денари за потрошена електрична енергија. Во меѓувреме дефекти можат да се пријавуваат на бројот 070 33 41 30.