Мени

„Водовод“ со 5 отсто помалку загуби на годишно ниво

03.09.2014 13:14 | KumanovoNews

Јавното претпријатије „Водовод“ за 5 отсто ќе ги намали загубите на вода на годишно ниво со откривање на дефекти.

„Водовод“ со 5 отсто помалку загуби на годишно ниво

Загубите на вода ќе изнесуваат 45 отсто годишно што е идентично како во развиените европски земји. Овие резултати ќе се постигнат со грант од 36.000 евра европски пари добиени преку Дунавски сливен регион.

Изведувач е фирмата „Аква сејф“ од Скопје која што има сертифицирана опрема за откривање на дефекти и за утврдување на притисоци во бари на определни зони на град Куманово. Со наша стручна помош, со наши луѓе, изминативе четири месеци целиот град е менаџиран, испланиран на зони. Прво е мерена потрошувачка на вода во дневен и ноќен период, утврдено е каде имаме дефекти кои што претходно не сме можеле да ги откриене затоа што немаме опрема. Како првичен резултат е решавање на притисок и дотур на вода до Долно Којнаре кои што имаа проблеми со притисок. Тој проблем од пред две недели е решен - изјави Горан Стојковски, директор на „Водовод“.

Во наредниот период ќе се откриваат дефектите на “Трета МУБ“, “Октомвриска револуција“ и “Народна револуција“.