Мени

Водството на стечајните во петок во Влада

27.06.2012 06:26 | KumanovoNews

 Наместо да се излегува на протест, координаторите на стечајните работници од целата држава во петок ќе одат на средба во Влада.

Водството на стечајните во петок во Влада

Ова е нивни 153 обид да стапат во контакт со премиерот Никола Груевски и се надеваат дека ќе разговараат со него лично, а не со неговите советници како претходно.

Очекуваме да се отвори социјален дијалог за решавање на статусот на стечајците и оние кои се технолошки вишок. Не се откажуваме. Одиме понатаму. Време е за одмори, нема ефект да се прават некои поголеми протести. Ние од ДУИ имаме морална поддршка. Сега сакаме да седнеме и од нив за гласање да побараме поддршка. Уште е рано за поднесување на законот. Ќе бараме да седнеме со тесното раководство и да разговараме за сите прашања, иако тие се запознаени - рече Лилјана Георгиевска, претседател на координативно тело на стечајните работници.

Координаторите од Штип, Кочани, Крива Паланка, Штип и Куманово се сретнале неодамна. Велат дека меѓу стечајците има голема напнатост бидејќи тонат во долгови. Тие се категорични дека во иднина ќе ја поддржат политичката партија која ќе им гарантира решавање на нивниот проблем. Сега се задоволни од грижата на локалната власт за нивните проблеми. Според нив, најголем виновник за нивната лоша состојба е премиерот Никола Груевски. Ако секоја година обештетувал по 1000 стечајци, сега стечајни работници ќе немаше, велат тие.