Воените и резервни старешни даруваа крв
Четириесетина крводарители се одзваа на денешната акција што ја организираше Здружението на армиски и воени старешни и Општинскиот Црвен крст .
Меѓу бројните активности за одбележување на позначјните историски датуми во програмата на Здружението се и хуманитраните акции пред се крводарувањето. Планираме оваа крводарителска акција да прерасне во традиционална и секоја година да се реализра во чест на празникот Крстовден и веќе е влезена во програмата на Црвениот крст - вели Драган Стојмановски.
Покрај членови на здружението крв даруваа и останати хумани граѓани, кои истотака може да станат членови на здружението, иако тоа пред се ги опфаќа поранешните воени и полициски припадници во активниот или резервниот состав на одбранбените сили на државата. Здружението функционира две години и досега членуваат околу 200 лица. Во изминатиот период активно се вклучи во одбележувањето на празниците во Општината.