Војската на АРМ ќе дарува крв
12.06.2012 07:06
| KumanovoNews
Во касарната Христијан Тодоровски Карпош во Бедиње утре од 8.30 часот до 13.30 часот се организира крводарителска акција.
Крв ќе даруваат вработените и воените лица во АРМ. Вакви акции има два пати годишно. Оваа крводарителска акција е традиционална. Последниве три години одзивот на крводарители е поголем. Акцијата за дарување на крв ја организира АРМ во соработка со општинска организација на Црвен Крст Куманово.