Волонтери ќе делат вода на граѓаните
20.06.2012 07:09
| KumanovoNews
Волонтери од општинската организација на Црвен Крст Куманово, утре на Градскиот плоштад во 10.30 часот ќе делат шишиња ладна вода на граѓаните.
Ова е една од мерките за заштита од топлотниот бран. Граѓаните ќе добијат флаери со совети како полесно да ги поднесат високите температури.
Се препорачува да се носи светла и лесна облека, да се внесуваат течности, а хронично болните да не излегуваат надвор од 10 до 16 часот попладне за да не се изложуваат на штетното УВ зрачење.
Ваква акција во нашиот град се спроведува најмалку три години.