Волонтери ќе делат вода на плоштад
12.07.2012 06:19
| KumanovoNews
Шест волонтери од Црвен Крст на граѓаните утре во 10 часот ќе им делат ладна вода на Градскиот плоштад.
Како и минатиот месец така и сега на граѓаните ќе им бидат поделени флаери со совети како да се заштитат од топлотниот бран. Поради високите температури се очекува голем одзив на граѓани кои ќе сакаат да се освежат со чаша ладна вода.
Од општинската организација на Црвен Крст планираат уште две вакви акции за во август.