Волонтери од Црвен крст ќе се натпреваруваат во Велес
14.09.2012 07:11
| KumanovoNews
Во Велес утре ќе се одржи 21 - от државен натпревар за прва помош на кој ќе учествува и шестчлена екипа од Куманово. Во екипата се младите кои се покажаа како најдобри на општинскиот натпревар по прва помош.
Секоја година учествуваме на овој натпревар. Ќе треба младите да ги покажат своите вештини. Ќе биде исценирана сообраќајка, а тие ќе треба да ги препознаат, санираат повредите и да дадат прва помош на повредените. Победникот од утрешното напреварување оди понатаму на балкански натпревар по прва помош - велат од Црвен крст Куманово.
Домаќин на натпреварот годинава е општинската организација на Црвен крст од Велес.