Мени

Волонтери од Црвен Крст ќе се обучуваат за прва помош

24.03.2015 10:35 | KumanovoNews

Четириесетина волонтери од Црвен Крст Куманово, во наредниот период ќе се обучуваат за укажување на прва помош.

Волонтери од Црвен Крст ќе се обучуваат за прва помош

Обуките ќе се одржуваат во просторите на Црвен Крст Куманово.

Од секое средно училиште по шест волонтери ќе се едуцираат за прва помош. Ова го правиме традиционално секоја година, и има интерес од учениците. Нормално дека стекнатото знаење ќе им користи, бидејќи прва помош секаде се бара да се знае. Истовремено волонтерите ќе се подготват за натпревар по прва помош - велат од Црвен Крст.

Општинскиот натпревар по прва помош годинава ќе се одржи во мај.