Мени

Волонтери од Црвен Крст на семинар во Крива Паланка

16.08.2012 10:54 | KumanovoNews

 Во Крива Паланка од 22 до 24 месецов ќе се оддржи семинар на кој младите волонтери од Црвен Крст ќе дискутираат за помагање на семејства во ризик,  чии домови се опожарени.

Волонтери од Црвен Крст на семинар во Крива Паланка

Заминуваме три волонтери. Таму ќе има и членови на општинските организации на Црвен Крст од Кочани и домаќините од Крива Паланка. Ќе бидеме сместени во дворот на основно училиште во градот. Волонтерите ќе постават шатори. Лани не учествуваме на овој семинар. Оваа појава е честа и секоја година има по осум семејства кои заради пожар остануваат без покрив над главата. Ќе има на семинарот претставници од единицата за спасување при катастрофа - вели Сања Стојмановска, координатор на млади во Црвен Крст.

Од Црвен Крст додаваат дека на ваквите семејства им даваат еднократна парична помош во износ до 10.000 денари, гардероба, кебиња, јоргани, елементарни работи кои им се потребни. Семејствата кои ќе се соочат со пожар сами се јавуваат во Црвен Крст и бараат помош. За да нема злоупотреби задолжително се доставува потврда од Противпожарна служба.