Мени

Волонтери во посета на старите лица

21.11.2012 09:10 | KumanovoNews

По повод одбележување на Недела на стари лица, утре волонтери од Црвен Крст Куманово ќе ги посетат  пензионерите во домот за стари лица “Зафир Сајто“.

Волонтери во посета на старите лица

Средбата со старите лица е закажана за 11 часот , и има за цел да го поттикне дружењето.

Во петок во просториите на Црвен Крст ќе има акција за мерење на шеќер во крвта за пензионери и членови на Здружение на пензионери Куманово.

Флаери со содржини како да им излезете во пресрет на старите лица ќе има во ЕВН и во Центарот за социјални работи кои ја поддржуваат кампањата.