Мени

Вонредна состојба во градот

13.02.2012 13:21 | KumanovoNews

 Новиот снег што напаѓа во текот на ноќта повторно предизвика проблеми во градот, и ги натера локални власти да ги мобилизираат сите капацитети за да се справат со новонастаната состојба.

Вонредна состојба во градот

Во градот е воведена полувонредна состојба, учениците се распуштени, а со механизација на јавните претпријатија, приватни фирми и фирмите што се задолжени за зимско одржување на градот се расчистува снегот. Интензивно се работи на главните и споредни сообраќајници а во текот на денот ќе се чистат и локалните патишта во селата.

На некој начин сме во вонредна состојба, бидејќи се наоѓаме во исклучително сложена состојба, каква што не сме имале во последните 15 години. Вакви зими имавме во 1985 и 1994 година. Поради постојаните врнежи од снег имаме непроодност на патиштата и проблеми во работата на јавните претпријатија. Затоа утринава одржавме состанок со надлежните служби и претпријатија, за да ја ставиме во погон целата механизација. Овој состав постојано ќе заседава и доколку се процени дека неприликите ја надминуваат можноста за наше менаџирање, тогаш ќе го викнеме кризниот штаб со што ќе се преземаат понатамошните постапки - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Градоначалникот апелира до граѓаните да бидат трпеливи бидејќи неможе улици во должина од 160 километри во првата зона да се исчистат за кратко време.  На терен се излезени 40 возила, од кои дел се за  растурање на сол, булдужери и грендери и други машини со кои се расчистува снегот. 
Екипите интервенираат на патот кон селта Табановце, Четирце, Сопот Сушево, Габреш, Орашац и другите.